БОЖИНОВ, Горан

БОЖИНОВ, Горан (Скопје, 15. Ⅱ 1969) – балетски играч. Образованието го стекнува во Средното балетско училиште при МБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје, во класата на Е. Кушовска. Примен е за член на балетскиот ансамбл при МНТ (1988). Заминува на специјалистички престој во Санкт Петербург кај Б. Брегваѕе (1989). Првенец со сигурна и чиста балетска техника, искусен партнер и играч со сугестивна сензуалност. УЛО.: Зигфрид (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро”), Алберт (А. Адам, „Жизел”), Базил (Л. Минкус, „Дон Кихот”) и др. Ем. Ⅹ. БОЖИНОВ, Иван Кузманов