ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК ВО РМ

ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК ВО РМ – притисокот што воздухот го врши со својата тежина на земјината површина. Воздушниот притисок зависи од надморската височина и од присуството на водена пареа во воздухот. Нормалниот воздушен притисок се одредува во секоја точка од атмосферата со масата на столбот на воздухот кој лежи над 2 неа, со основа која изнесува 1 цм одреден на морското ниво, на 45° г.ш., при температура од 0°Ц и при нормално поле на силата на тежината и изнесува 760 мм или 1.013 мб. Мерните показатели за воздушниот притисок за сите мерни места во Македонија се објавуват во метеоролошки годишници. ЛИТ.: Михаило Зиков, Метеорологија и Климатологија, Скопје, 2000; Јосепх Моран, Мицхаел Морган, Метеорологѕ, Нењ Ѕорк–Лондон, 1989. М. З.