БОГДАНОВСКИ, Русомир

БОГДАНОВСКИ, Русомир (Ниш, 11. Ⅹ 1948) – драмски автор, тематски свртен кон отсликување на карактерите и менталитетот низ хумористичко согледување на човечките слабости. Дипломирал драматургија на Академијата за театар и филм во Белград, каде што и магистрирал. Драматург во МТВ и професор во ФДУ во Скопје, на Катедрата филмско и ТВ сценарио и драматургија. Изведени драми: „Фарсата за храбриот Науме”; „На заборавениот остров”; „Панургии”; „Чудото на Свети Ѓорѓија”; „Патенталие и Тантелина”; „Ништо без Трифолио”; „Рекламна бајка”. Автор на повеќе ТВ-драми, како и на сценариото за филмот „Нели ти реков”. Р. Ст. БОГДАНСКИ, Јездимир (Куманово, 17. XI 1930 – Скопје, 2007) – комунистички деец, општественик и политичар, еден од најмладите учесници во НОБ и член на Главниот одбор на НОМСМ. По Ослободувањето станал член на КПМ (1948) и дипломирал на Вишата социјална школа во Загреб. Бил претседател на Општинскиот комитет на Народната младина, организационен и политички секретар на ОК на СКМ, член на секретаријатот на Околискиот комитет на СКМ, началник за Народно здравје, потпретседател и претседател на Собранието на Општината Куманово, член на Извршниот совет на СРМ (во три мандата), републички секретар за внатрешни работи и републички секретар за здравство и социјална политика на Извршниот совет на СРМ, член на ЦК на СКМ (избран на Ⅳ конгрес на СКМ) и член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ (избран наⅤконгрес на СКМ), член на РК на ССРНМ и на СК на ССРНЈ, пратеник и потпретседател на Општествено-политичкиот собор на Собранието на СРМ, член (од 28. Ⅳ 1986) и претседател на Претседателството на СРМ и член на Претседателството на СФРЈ. С. Мл. Паркот во Богданци