БОБЕВ, Стефан Миланов (Велес, 1911 – Велес, 9. XI 1944) – учесник во револуционерните активности во Велес (од 1937). Во 1941 – 1942 г. учествувал во подготовките за оруженото востание: собирал оружје и разнесувал летоци, прогласи и други материјали и го снабдувал Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ со храна, оружје и муниција. Во 1943 и 1944 г. го организирал масовното заминување на младинците од Велес во партизаните. Загинал во судир со Германците. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.