БОЈАЏИЕВСКИ, Петар Јованов (с. Кременица, Битолско, 11. Ⅴ 1939) – офталмолог. Медицина завршил во Скопје (1964), специјализирал офталмологија (1974) и работел како офталмолог на Очното одделение во Битола. Примариус станал во 1984 г., а докторирал во Нови Сад (1989). Автор е на повеќе од 80 стручни трудови и на книгите: „Здравството во Битола низ вековите” (1992), „Здравството во Битола 1944–2004” (2006), „Здравствено-социјалната политика на странските пропаганди во Битола” (2003) и коавтор на учебникот „Одбрани поглавја од офталмологијата” (1996). П. Б. БОЈАЏИСКИ, Борис Димков