БЛГАРАНОВ, Бојан Петков (Богдан; бај Иван) (шумен, 20 Ⅹ 1896 – Софија, 26. Ⅻ 1972) – бугарски комунистички деец и државник, генерал-полковник, херој на НРБ (1966) и херој на социјалистичкиот труд (1961). Бил истакнат член на БКП (од 1920) и учесник во Септемвриското востание (1923), поради што бил осуден на смрт (1925), но казната му е заменета со доживотен затвор и потоа е амнестиран (1933). Како емигрант во Москва, се школувал и бил функционер на Коминтерна, а подоцна член на ЦК на БКП (од 1937). Во времето на НОАВМ бил полномошник на ЦК на БКП при Врховниот штаб на НОВЈ, но со место на престојот во Македонија (1942 – до почетокот на 1944). По враќањето во Бугарија бил на разни воени командни должности. Од 1945 г. до крајот на животот непрекинато бил член на ЦК на БКП, секретар на ЦК на БКП (1956-1967) и претседател на Националниот совет на Отечествениот фронт (1967-1972). ИЗВ.: Зборник докумената о НОР-у, том Ⅵ, књ. 1–4 (Борбе у Македонији 1941– 1944), Београд, 1954 и 1954; Извори за ослободителната војна и револуцијата во Македонија од 1941–1945, том И, кн. 1–7, Скопје, 1968–1983. ЛИТ.: Македонија од устанка до слободе 19411945. (Зборник радова), Београд, 1987; Историја на македонскиот народ, том петти, ИНИ, Скопје, 2003. С. Мл.