БЛАЖИЌ, Здравко (Стари Бечеј, 19. Ⅳ 1917 – Белград, 14. IX 1979) – сликар и виш конзерватор. Дипломирал на школата за византинска уметност во Белград (1936). Студирал и на Академијата за ликовни уметности во Прага. Работел на конзервација на икони и фрески и на нивното копирање. Има заслуги за конзервацијата на фреските во црквите „Св. Софија”, „Богородица Перивлептос” („Св. Климент”) во Охрид, црквата „Св. Ѓорѓи” во Курбиново и црквата „Св. Спас” во с. Кучевиште, Скопско. Ал. Цв.