БИТОЛСКА БИТКА (16–19. XI 1912) – битка помеѓу српската и отоманската војска во Првата балканска војна. Се водела во реонот на с. Гопеш и кај преминот Ѓавато. Во борбите учествувале и македонските месни чети, кои ја ослабувале фронтовската линија на отоманската војска и $ овозможувале прегрупирање и полесно продирање на српската војска. Најтешки борби се воделе на позициите кај Бел Камен (18. XI), па отоманските сили биле принудени да се повлечат кон Лерин и кон Корча, а српските сили го зазеле градот Битола (19. XI). ЛИТ.: Ѓорги Абаџиев, Балканските војни и Македонија, Скопје, 1958; Борисав Ратковиќ, Први балкански рат 1912–1913, Београд, 1975. В. Ст.