БИТКАТА КАЈ РОВИНЕ

БИТКАТА КАЈ РОВИНЕ (17. Ⅴ 1395) – помеѓу османлиската војска предводена од султанот Бајазит Ⅰ и христијанската војска на влашкиот владетел војводата Јо-ван Мирче. Во битката на страната на османлиите, како вазали на султанот Бајазит, учествувале и македонските владетели кралот Марко и Константин Драгаш. Во жестокиот судир кај местото Ровине во Влашко (со неутврдена локација), христијанската војска на војводата Мирче извојувала победа и ги принудила османлиите да се повлечат. Во битката загинале кралот Марко и Константин Драгаш, а нивните територии во Македонија паднале под директна власт на османлиите. ЛИТ.: Сп. Радојичић, Листина манастира Петре од октобра 1395 год. као извор за хронологију битке на Ровинама, Богословље, Ⅱ/4 (1927); Једна глава из „Живота Стефана Лазаревића“ од Константина Филозофа (Битка на Ровинама), „Хришћански живот“, 6 (1927); М. Динић, Хроника Сендениског калу—ера као извор за бојеве на Косову и Ровинама, Прилози за књижевност, језик, историју и фолклор, ⅩⅤⅠⅠ/1 (1937). К. Аџ.