БИТКАТА КАЈ ИПСОС

БИТКАТА КАЈ ИПСОС (301 г. од ст.е.) – битка меѓу дијадосите (наследниците) на царството на Александар. Во Фригија, за превласт во Азија, војуваат Лисимах и Селевк против Антигон Едноокиот и Деметриј. Во битката Антигон загинува, а неговиот син Деметриј се повлекува кон Ефес. По оваа решавачка битка царството е поделено: Лисимах ја презема Мала Азија до Таурос, Селевк – Ерменија, Кападокија, Месопотамија и Сирија; Птолемај го задржува Египет. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.