БИОСИСТЕМАТИКА

БИОСИСТЕМАТИКА – биолошка дисциплина што ја проучува разновидноста на живиот свет (растенијата, животните, микроорганизмите и габите), нивните сродствени односи, патиштата на нивната еволуција и ги систематизира во одредени класификациони системи. Биосистематските проучувања во Македонија се за почнати уште кон средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ век (Фривалдскѕ, 1835, 1836; Грисебацх, 1843, 1844 и други) и со различен интензитет се одвиваат с” до денес. Тие се интензивираат со формирањето на Природонаучниот музеј на Македонија (1926), Хидробиолошкиот завод во Охрид (1934), Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1946) и Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947). Досега се објавени над 3.000 трудови што се однесуваат на систематиката на различните групи од флората, фауната, фунгијата и микроорганизмите од територијата на РМ. Постојат различни системи со кои се прави обид да се класифицира целокупната биолошка разновидност. Според современиот класификациски систем на Ви-такер (Њхиттакер, 1969), сите живи организми се групирани во 5 царства: микроорганизми (Монера), алги (Протиста), габи (Фунги), виши растенија (Плантае) и животни (Анималиа). Вл. М. „Бирлик“ орган на НОФМ на турски јазик