БИОМАСА НА НАДЗЕМНИ ОРГАНИ НА БУКОВИ ЕКОСИСТЕМИ

БИОМАСА НА НАДЗЕМНИ ОРГАНИ НА БУКОВИ ЕКОСИСТЕМИ – ја сочинуваат сите надземни органи на растителните организми во буковиот екосистем (лисја, стебла, гранки, зеленести органи на тревести растенија). Големината на биомасата зависи од староста на буковиот екосистем. Просекот на биомаса изнесува 268,5 т/ха сува материја во горскиот буков екосистем. Во дабовите екосистеми, биомасата на надземните органи (Љуерцето Фраинетум – Церрис мацедоницум) во Националниот парк Галичица за 50годишна старост изнесува 231 т/ха сува материја. Во ридските тревести екосистеми биомасата варира од 200–400 кг/ха сува материја. Љ. Гр.