БИОАКУМУЛАЦИЈА

БИОАКУМУЛАЦИЈА – процес на акумулација на одредена супстанција во биолошки систем. Краен продукт на биоакумулацијата е зголемена содржина на супстанцијата наречена биоакумулант во биолошките системи, споредено со околната средина (вода, воздух, почва). Биоакумулацијата може да се подели на биоконцентрација (внесена од неживата средина) и биомагнификација (внесена преку синџирот на исхраната). Св. К.