БЕРОВСКА КОТЛИНА

БЕРОВСКА КОТЛИНА – Беровската или Малешевската Котлина се протега во крајниот источен дел на Република Македонија , во изворишниот дел на Брегалница. Припаѓа на најстарото – Родопско копно на Балканскиот Полуостров. Формирана е со радијалните тектонски движења за време на плиоценот и претставува јужен тектонски дел од Беровско-делчевскиот ров. Од три страни е заградена со планини и тоа: на исток со планината Влаина (Кадиица, 1.932 м), на запад Плачковица (Лисец, 1.754 м и Обозна, 1.181 м), а на југ се Малешевските Планини (1.801 м). На север со хорстот Бејаз Тепе (1.348 м) е одвоена од Делчевската Котлина. Има меридијански правец на протегање со должина од 20 км и широчина од 10 км. Котлинското дно е на височина од 700 до Берово 1.000 м, а вкупната површина изнесува 806 км². Поради големата надморска височина владее континантална клима. Овде е забележана најниската минимална температура во РМ -31°Ц. Развиени се две градски населби: Берово и Пехчево. ЛИТ.: Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи”, кн. 17, Скопје, 1979; А. Стојмилов, Физичка географија на Р Македонија, ПМФ, Скопје, 2003. Т. Анд. БЕРОВСКА, Лика Стојанова