БЕРАНЧЕ

„БЕРАНЧЕ“ .- македонско машко народно оро со ритам 18/16 (2, 2, 3, 2, 2, 2, 2, 3). Се игра со држење за китките на рацете, кои се малку свиткани во лактите. Тоа е ти-пично машко борбено оро, со високи балансирања во бавниот дел, а со потскоци, доскоци и остри движења во брзиот дел. Во вториот дел се игра и во парови, при што левиот играч го подигнува десниот високо над себе (раце за раце). Во минатото најчесто се играло во Битолско. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 215. Ѓ. М. Ѓ. банци. Кај нас таа компанија е Бер (Верија) Виктор Берар