БЕНГ

БЕНГ – . ромско именување на ѓаволот. Има индиско потекло (Бенгалски Залив во Индија). И според ромските верувања ѓаволот има лик на човек, со мали рокчиња на главата, со крвави очи и влакнесто тело. Лицето му е црно, со шилеста брада, а носот искривен. Има и опашка, а ушите му се како на коза. На рацете има долги прсти. Тр. П.