БЕЛЕВ, Крсто Димитров (с. Горно Броди, Серско, 5 Ⅲ 1908 – ?, 1978) – бугарски писател (од македонско потекло), автор на мошне популарниот и често издаван роман „Планино, Пирин-планино” (1934) во кој се коментира смртта на Гоце Делчев. Автор на раскази, романи, патописи и репортажи. По балканските војни со семејството се преселува во Бугарија. Како младинец зема учество во комунистичкото движење во Бугарија за што е прогонуван и повеќепати осудуван и долго лежи в затвор, како политички деликвент. Бил емигрант во Франција и во Романија, подолго време престојувал и во СССР, а во текот на Втората светска војна е интерниран во логорите за политичките опоненти на фашизмот во Бугарија (Гонда-Вода и Крсто-Поле). Мошне плоден како автор. До-бар дел од неговиот богат опус е посветен на македонски теми. БИБ.: Пробивот, 1937; Планино, Пирин-планино, 1934, 1939; Прокудените повест за бегалците од Македонија, 1945; Нова Македонија, патопис, 1945; Родна земја, повест, 1945; Во мојата татковина, Македонија, родината под ропство, 1945; Бегалче, повест, 1949. Г. Т.