БЕЛЕВ, Зафир Ѓорчев

БЕЛЕВ, Зафир Ѓорчев (Охрид, 1845 – с. Костенец, Софиско, 1907) – македонски деец и општественик, учесник во Охридскиот заговор и автор на мемоарски (автобиографски) запис на македонски јазик. Член на Општинскиот совет. Поради народополезна дејност осуден е на шестмесечен затвор (1871). Година и пол престојувал во Русија, а по враќањето работел во родниот град како кафеџијагостилничар. Како член на охридската заговорничка група што развила револуционерна активност во Југозападна Македонија, бил еден од составувачите и доставувачите на една петиција (со 24 печати од околните села) што му била предадена на рускиот конзул во Битола (1880), поради што бил осуден на доживотен затвор во крепост. По три и полгодишен престој во Битолскиот затвор, бил испратен на заточение во Пеас-Кале (Јемен), но бил амнестиран и се прибрал во Софија (1894). По враќањето од заточение напишал безнасловен и незавршен мемоарско-литературен текст на македонски јазик со грчкото писмо „Запис за таксиратот и маката”. БИБ.: Мемоарски записи за Охридскиот заговор (Расказ на македонски јазик). Подготвиле: Блаже Ристовски и Никола Целакоски, Охрид, 2001. ЛИТ.: Блаже Ристовски, „Мемоарските записи за Охридскиот заговор” на македонски јазик од Зафир Белев, „Прилози”, ОЛЛН МАНУ, ЏЏВ, 1–2, 2001, 49–67. Бл. Р. Крсто Белев