БЕДЕРИЈАНА

БЕДЕРИЈАНА . ( Ⅵ в.) – византиско утврдување, кастел, кое се наоѓало во близина на селото Таурисиум, родното место на византискиот император Јустинијан И (525– 565), и на градот Јустинијана Прима. Како што известува историчарот Прокопиј Кесариски, Јустинијан го обновил кастелот од темел и многу добро го утврдил. Се споменува и како родно Археолошки раскопки на локалитетот Бедеријана (Таор) место на императорот Јустин И, вујкото на Јустинијан. Најчесто се идентификува со селото Бадер, 20-тина километри југоисточно од Скопје, на десниот брег на реката Пчиња. ЛИТ.: Т. Томоски, Таорското градиште (Таурисиум–Бедериан–Јустиниана Прима). Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999. К. Аџ.