БАШЕСКИ, Жарко

БАШЕСКИ, Жарко (Прилеп, 11. Ⅶ 1957) – скулптор, универзитетски професор. Дипломирал во класата на Петар Хаџи Бошков (1988) и магистрирал во класата на Драган Поповски-Дада (1998) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал студиски престој во Лондон (1979-1982). Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Член е на ДЛУМ (од 1988). Имал седум самостојни изложби во РМ: Прилеп (1984 и 1993), Битола (1993) и Скопје (1994, 1997, 1998 и 2004). Учествувал на групни изложби во земјата и во странство (Скопје, Темпли – Аризона, САД, Истанбул Турција, Фејтфил – Арканзас, САД и Горни Милановац – Србија), на јавни изведби (Скопје и Водоча) и во уметнички колонии (Марушичи во Словенија и во Прилеп). Негови дела се наоѓаат и во приватни колекции во земјата и во странство. ЛИТ.: Жарко Башески/Зарко Басхески, (Каталог), предговор Конча Пиркоска, Скопје, 1997; Жарко Башески/Зарко Басхески, Скулптура – Храм / Сцулптуре – Темпле, Скопје, 1998; Жарко Башески/Зарко Басхески, Скулптури/Сцулптурес, Скопје, 2004. С. Мл.