БАЧИЌ, Фрањо (Сењ, Хрватска, 12. Ⅰ 1923) – универзитетски професор, правник. Основно училиште и гимназија завршил во родното место. Правен факултет завршил во Загреб, а докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Почетокот на извршувањето на кривичното дело и казнивите подготвителни дејствија“ (1954). Избран за доцент по предметот кривично право на Правниот факултет во Скопје (1957) г., а потоа и за вонреден и редовен професор. Објавил поголем број научни трудови и неколку учебници од областа на кривичното право. Бил декан на Фрањо Бачиќ Правниот факултет во Скопје (1971/72 и 1972/73). Заминал на Правниот факултет во Загреб за редовен професор по предметот кривично право (1974). БИБ.: Фрањо Бачиќ, Југословенско кривично право, Прва и втора книга, Скопје, 1961; Казнено право – опќи део, Загреб, 1998. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години, 1951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш.