БАТИНО, Асео Жулија (Битола, 1914 – Јасеновац, Хрватска, 1942) – позната антифашистка, сестра на Рафаел Батино. Била претседател на интернационалното женско еврејско друштво „Визо“ (до 1939). Од Битола се преселила во Загреб (септ. 1939). Таму се вклучила во заднината на антифашистичкото движење, била уапсена, спроведена во концентрациониот логор Јасеновац и таму стрелана. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993. Ј. Нам.