БАРТОШ, Милан

БАРТОШ, Милан (Белград, 10. XI 1901 – Белград, 12. Ⅲ 1974) – правник, унив. професор по меѓународно приватно право, редовен член на САНУ и член од надворешниот состав на МАНУ(од 4. Ⅴ 1972). Дипломирал право во Бел-град (1924) и докторирал во Париз (1927), по што бил професор на Белградскиот универзитет (1928). Учествувал во низа заседанија на Генералното собрание на ООН (1945-1953), бил арбитар на Постојаниот меѓународен арбитражен суд во Хаг (1945), главен правен советник за надворешни работи во звањето амбасадор (1949-1963), претседател на Светското здружение за меѓународно право (1956-1958) и почесен доживотен претседател, шеф на југословенската делегација на Првата и на Втората женевска конференција за поморско право (1958 и 1960), генерален секретар (1961-1965) и потпретседател (1965-1971) на САНУ, претседател на Комисијата на ООН за меѓународно право (1965), претседател на Хашката академија за меѓународно право и др. Бил претседател на Матичната комисија за основањето на МАНУ (1967). Го уредувал сп. „Анали Правног факултета“ во Белград. Автор е на голем број книги, студии, статии и други прилози. БИБ.: Еџпозé де дроит интернатионал цоммерциал, Парис, 1927; Криза меÚународног приватног права, Београд, 1939; Меѓународно јавно право, И-Ⅲ, Београд, 1954-1958. Целосна библ.: „Анали Правног факултета у Београду“, 1-3, Београд, 1972, 594-640. С. Мл.