БАРИШИќ, Ладислав (Чаковец, 6. Ⅵ 1941 – Скопје, 2. Ⅵ 1991) – ликовен критичар. Студирал на Универзитетот во Загреб. Водел ликовни рубрики во македонскиот и во хрватскиот печат („Нова Македонија”, „Екран”, „Остен”, „Око”). Ги одбегнувал идеолошките стапици и преку полемики се залагал за надминување на провинцијализмот во ликовната уметност и во критиката. М. Б.-П. Марин Барлети, Историја за животот и дејноста на епирскиот принц Скендербег