БАЛКАНСКА МИНИСТЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

БАЛКАНСКА МИНИСТЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Белград, 24-26. Ⅱ 1988) – прва конференција на министрите од балканските држави по Втората светска војна. Учествувале министрите за надворешни работи на: НР Албанија, НР Бугарија, Република Грција, СР Романија, Република Турција и СФР Југославија. Министрите констатирале позитивен развиток во билатералните односи и заинтересираност националните малцинства да бидат фактор на стабилноста, пријателските односи и натамошната соработка. ЛИТ.: Балкански уговорни односи, Ⅲ, Београд, 1999. М. Мин.