БАЛКАНСКА ЗВЕЗДА

„БАЛКАНСКА ЗВЕЗДА“ (Торонто, Канада, 1. Ⅳ 1912 – 19. IX 1913) – весник, гласило на македонската емиграција во Канада, а од бројот 51 седмичен весник за политика и просвета. Носи мото: „Согласност, родољубие, просвета, трудољубие“. Уредник бил јеромонахот Теофилакт. Се залагал за автономија на Македонија и содржел вести за Балканот и за животот на македонската емиграција. Објавени се вкупно 53 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 131-132; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 32. С. Мл.