БАДЕНТЕР, Робер

БАДЕНТЕР, Робер (Роберт Бадинтер) (Париз, 30. Ⅲ 1928) – француски адвокат и политичар. Завршил студии по литература и право во Париз. Магистрирал на Универзитетот Колумбија (САД, 1949). Докторирал компаративно право во Париз (1951). Бил адвокат во Апелациониот суд во Париз (1951–1981), министер за правда на Франција (1981–1986) и претседател на Уставниот совет на Франција (1986–1995). Бил и претседател на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија (формирана во 1991), која, под негово претседателствување, констатира дека РМ ги исполнува сите општи и посебни услови за меѓународно признавање. Поради тоа бил прогласен за почесен доктор на правни науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1996). Во време на конфликтот во РМ (2001) два пати ја посетил РМ. На 26–27. Ⅵ 2001 г. го отфрлил албанското барање за трансформација на РМ во мултиетничка држава, додека на 28–29. Ⅷ 2006 г. изјавил дека во БИБ: Роберт Бадинтер Р., Уне аппроцхе троп етхниљуе рисљуераит д’аггравер ле мал ацтуел, Ле Монде, ле 28 јуин, 2001. ЛИТ.: Светомир Скариц, Де л’Етат-демос а л’Етат плуриетхниљуе ет вице верса: ле цас мацедониен, Мелангес оффертс д’ Слободан Милациц, Бруѕлант, Бруџеллес, 2007. Св. ш. и Т. Петр.