БАДЕМ

БАДЕМ . (МИГДАЛ) (род Амѕгдалус Л., фам. Росацеае) – родот опфаќа околу 40 вида, распространети во Европа, Азија, Африка и во Северна Америка. Тоа се лис-Бадем (Амѕгдалус Л.) топадни дрвја или грмушки, со тесни елипсовидни листови, бели, розови или црвени, петтоделни цветови, а плодовите се сплескани коскички. Во РМ, спонтано или супспонтано, се застапени три вида: а) див бадем (А. њеббии Спацх.) – бодлива, разгранета грмушка до мало дрво од источниот Медитеран и субмедитеран. Има ситни листови, бели или розови цветови и ситни, горчливи плодови. Во РМ е застапен во топлата, субмедитеранска зона на карпести, најчесто варовнички терени. б) степски бадем (дива праска) (А. нана Л.) – мала грмушка со тесноелипсовидни листови, розови до црвени цветови и со овални, влакнести плодови. Во РМ е застапен на сушни и припечни места во Кумановско и во Средно Повардарие. в) бадем (питом бадем) (А. цоммунис Л.) – мало дрво од западна Азија и од северна Африка, со покрупни листови. Во РМ субспонтано распространето низ шибјаците на белиот и црниот габер. Ал. Анд. Роберт Бадентер