АХМЕТИ, Гафур Џабир (Гафур Џхабир Ахмети) (с. П’ршевце, Тетовско, 29. Ⅹ 1945) – писател, публицист и преведувач. Основно образование завршил во родното место, учителска школа во Тетово, а потоа дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во в. „Флака е велазеримит”, а потоа како дописник на „Рилиндја” во Приштина. Вработен во Министерството за надворешни работи на РМ. Пишува проза, романи и драми. Преведува од албански на македонски и обратно. БИБ.: Стеблата на едно дрво, 1982; Освен зборовите на песната, раскази 1989; Повторно се врати, 1977; Пасардхëсит е Катит; превод: М. Фотев, Потомците на Кат; Цвеќиња во ќерпич, роман, 1984; Две драми, 1979. А. П.