МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО СОФИЈА – филијала на МНЛД во С.-Петербург, основано од К. Мисирков и Ст. Дедов во Софија (23. Ⅺ 1903). Меѓу членовите основачи се десетина интелектуалци, но и револуционерите Д. Мирасчиев и Ј. Ангелов, а се очекувало да му пристапат „и некои од лидерите на Организацијата“. Меѓутоа, само по два дена бугарската полиција ноќе ги испоапсила членовите, а самиот Мисирков (изнатепан) морал да бега во Русија. ЛИТ.: СвеÈ. Áр. Ангелов, „Çо сме напраŸле и Èо треба да праŸме“ от К. Мисирков на македонски език, „Македонско знаме“, Ⅱ, 61, София, 9. Ⅸ 1946, 2; Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874– 1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла, Скопје, 1966, 298; истиот, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, Скопје, 1978, 259–263. Бл. Р.