АХМЕД Ⅲ

АХМЕД Ⅲ (Хаџиоглу Пазари, 31. Ⅻ 1673 – Истанбул, ?. Ⅵ 1736) – дваесет и третиот османлиски султан, кој владеел (и со Македонија) 27 години (23. Ⅷ 1703 – 1. Ⅹ 1730). Во неговото време владеела бунтовна состојба, изразена со ајдутски напади во Империјата. Јаничарите биле незадоволни од реформите и го симнале од престолот. ЛИТ.: А. Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Ⅲ, Скопје, 1983. Ј. Јан.