АТЛАНТСКА ПОВЕЛБА

АТЛАНТСКА ПОВЕЛБА (14. Ⅷ 1941) – заедничка изјава на Факсимил од Атлантската повелба (1941) премиерот на Обединетото Кралство Велика Британија Винстон Спенсер Черчил и претседателот на САД Франклин Делано Рузвелт, потпишана на состанокот на Атлантскиот Океан во близина на Њу Фаудленд. Декларирале откажување од какви било територијални проширувања; проширувања да не се дозволат ако не се во согласност со слободно изразената волја на народот; почитување на правото на сите народи да изберат облик на владеење што им одговора; враќање на правото на народите самите да се управуваат, доколку од тоа право биле лишени со сила; пристап до суровини и трговија во светот под исти услови и на големите и на малите народи и воспоставување мир и безбедност за сите народи и сите луѓе во сите земји да живеат ослободени од стравот и бедата. Т. Ч. Чедо шаревски и Лазо Милошевски во трка на 400 м (1953)