АТАНАСОВСКИ, Тодор

АТАНАСОВСКИ, Тодор (псевд. Јане) (Кавадарци, 1925) – национално-политички деец, генералполковник на ЈНА во пензија и воено-политички коментатор. Бил активен учесник во работничкото движење спроти Втората светска војна и учесник во НОБ (1941), подоцна како политички комесар на баталјон и на бригада. По Ослободувањето завршил Виша воена академија и како активен офицер бил началник на штабот на Народната одбрана на Скопје, оперативен началник и командант на Територијалната одбрана на Македонија. Исто така, бил член на ЦК на СКМ и претседател на СЗБ од НОВ. По осамостојувањето на РМ бил член на Со-Тодор Атанасовски ветот за национална безбедност. Автор е на голем број коментари во дневниот печат и неколку стручни студии. БИБ.: Чудниот марш низ Тиквешијата, Втора македонска ударна бригада, Скопје, 1973, 67-72; Февруарскиот поход на единиците на НОВ и ПОЈ на Македонија. Стратегијата на употребата на ОС во НОВ. „Современост”, ЏЏИЏ, 4, Скопје, 1979, 17-32; Формирањето и активноста на Месното поверенство на КПМ во Кавадарци во периодот април – средината на јули 1943 година, Тиквешијата во НОВ 1941-1945. Кн. втора: КПЈ-КПМ во Тиквешијата 1939-1945, 147-155; Формирање и развој на воените единици, на истото мес-то. Кн. трета: Партизански одреди и воени единици, Кавадарци-Неготино, 1984, 7-17; Воено-оперативен осврт врз дејствијата и активностите на просторот на Третата оперативна зона и Тиквешијата во текот на Народноослободителната војна, на истото место, 89121; Младинското работничко движење во Кавадарци во 1941-1943 година, на истото место. Кн. четврта: Политичките организации и народната власт, 113-124; Воено-стратегиски импликации по Првото заседание на АСНОМ 1944 година, АСНОМ. Педесет години македонска држава 1944-1994, Скопје, 1995, 445-447. ЛИТ.: Сто македонски години. Редактор Јован Павловски. Скопје, 2004, 339, 347, 690 и 697. С. Мл.