АТАНАСОВА, Јанка

АТАНАСОВА, Јанка (Дебар, 19. Ⅻ 1935 – Скопје, 1980) – балерина. Го завршува Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Ангажирана е во МНТ (1950-1961). Станува член на Балетот при Народното позориште во Белград (1961-1980). Изразито лирска балерина со добра класична балетска техника и убава развојна линија на движењето. УЛО.: Одета (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро”), Царска убавица (И. Стравински, „Жар-птица”) и др. Ем. Ⅹ.