АРСОВСКИ, Милан

АРСОВСКИ, Милан (с. Скачинци, Велешко, 18. Ⅱ 1924 – Скопје, 3. Ⅰ 2000) – редовен професор на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Дипломирал на Геолошкиот факултет (МГРИ) во Москва, Русија (1952), а докторирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, Србија (1960). Еминентен геолог-тектоничар, кој целиот свој работен век го посветил на проучувањата во областа на тектониката, неотектониката и сеизмотектониката. Реализирал повеќе научно-истражувачки проекти во Русија, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Алжир, Тунис, а како експерт на УНЕСКО по сеизмотектоника работел во Бурма, Бугарија, Романија и др. Најголем дел од својот работен век го посветил на регионалните и сеизмотектонските проучувања на територијата на РМ, од кои има публикувано повеќе научни трудови. БИБ: Неотектоника на СР Македонија (коавтор), публ. 49 на ИЗИИС, Скопје, 1975; Тектоника на Македонија, монографија, 1997; Тектонска карта на Македонија, 1:200 000, 1998. Н. Дум. Митре Арсовски