АРНАУДОВ, Милуш (Галичник, втората половина на ⅩⅠⅩ в.) – зограф од родот Арнаудовци, кој од Галичник се преселил во с. Каракој кај Неврокоп. Во соработка со локалниот резбар Јосиф Петров и неговиот син Илија Јосифов, во околината изработувал икони. М. А. го обучил и својот син Леонтиј (Левчо), кој се преселил во Дупница и таму зографисувал до смртта во 1914 г. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965, 230. В. П.-К. Михаил Арнаудов