АРАПИЦА

АРАПИЦА -. река со водопади кај Негуш. По задушувањето на востанието во Негуш (април 1822) османлиската војска и башибозукот вршеле терор врз населението во градот. Млади жени и девојки биле силувани, а деца и старци убивани. За да ја зачуваат честа, многу девојки и млади жени со своите деца се фрлале од водопадот и се самоубивале. ЛИТ.: Тодор Симовски, Негушкото востание во 1822 година, „Нова Македонија”, Ⅹ, 2708, Скопје, 2. Ⅷ 1953; Д-р Ристо Поплазаров, Негушкото востание од 1822 година и учество на Македонци во Грчкото востание, „Прилози”, 34-35, Битола, 1981. М. Здр.