АПОСТОЛОВСКИ, Митко

АПОСТОЛОВСКИ, Митко (Битола, 7. Ⅲ 1955) – актер. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски актери). Работи во Народниот театар во Битола (1973–1974) и во Народниот театар во Куманово (1980–1995). Од 1995 г. е повторно во Народниот театар во Битола. Улоги: Фезлиев („Црнила”); Војдан („Тетовирани души се враќаат дома”); Креонт („Медеја”); Дидро („Развратникот”). Р. Ст. Ванчо Апостолски