АПОСТОЛОВА, Љупка (Гостивар, 10. Ⅵ 1932) – интерпретаторка на забавни мелодии, спикер. Апсолвирала на Медицинскиот факултет, а дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Станала вокален солист на Ритмичкиот секстет (1953), кој про-Љупка Апостолова фесионално ги постави основите на македонската забавна музика. Со Секстетот двапати неделно настапувала во живо на јавни настапи и во Концертното студио на Радио Скопје. Снимила голем број магнетофонски записи со забавни мелодии. Професионалната спикерска кариера ја започнала во 1960 г. До пензионирањето работела и како педагог со младите спикери. Ј. Ф. Павлина Апостолова