АНТИГОН Ⅲ Досон

АНТИГОН Ⅲ Досон (229–221 пр.н.е.) – трет македонски владетел од династијата Антигониди, одличен воен стратег и дипломат. Во почеток владее како регент на осумгодишниот син на Антигон Гонат, Филип В. Прогласен е за легитимен крал откако се жени со мајката на Филип и го посинува младиот крал. Ги зацврстува границите на Македонија, повторно воспоставува македонска власт во Тесалија и ја обновува нејзината доминација на Балканот. Во воениот поход на Пелопонез ги освојува Коринт, Аргос и др. градови и тврдини во Аркадија и во Ајтолија, со што се воспоставува повторна доминација на Македонија над хеленските полиси. По победата над Илирите во Горна Македонија, починува од туберкулоза. ЛИТ.: Полѕбиус, Тхе Хисториес, 6 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1960; Б. Хеллѕ, Гоннои, Амстердам, 1973; Историја на македонскиот народ, 1, Скопје, 2000. А. шук.