АНТИГОН Ⅱ Гонат

АНТИГОН Ⅱ Гонат (277–239 пр.н.е.) – основач на династијата Антигониди, кои владеат од 277 до 168 г. пр.н.е. Син на Деметриј Ⅰ Полиоркет и на Фила, ќерка на Антипатар. Го презема македон Антигон Ⅱ Гонат, монета, аверс/реверс скиот престол по победата над Келтите кај Лисимахеја. Добар војсководец и вешт дипломат; војува со Пир, кој во тоа време го владее Епир; ја проширува македонската власт до Коринт. Ја поведува Хремонидската војна (261–255) и како победник ја потврдува доминацијата на Македонија над хеленските полиси. Ја зајакнува поморската флота, што му овозможува да ја победи флотата на египетскиот крал Птолемај Ⅱ (255 г.) и да воспостави превласт во Егејското Море. Војува и со Ахајската лига. Се смета дека бил љубител на филозофијата и книжевноста. ЛИТ.: Паусаниас, Десцриптион оф Грееце, 5 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1960; Тарн, Њ. Њ., Антигонос Гонатас, Оџфорд, 1913; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук. Антигон Ⅲ Досон, монета, аверс/реверс