АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ

АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ (1259/60 – 1332) – византиски император (1282–1328). Спровел даночни реформи и ги зголемил државните приходи. Се откажал од унијата со Римокатоличката црква. За борба против Османлиите во Мала Азија повикал платеници од Каталонија (1303). Последните години ги поминал во борба со внук му Андроник Ⅲ, кој го принудил да абдицира. Починал како монах Антониј. АНДРОНИК Ⅲ ПАЛЕОЛОГ