АНДОНОВ-ПОЛЈАНСКИ, Христо

АНДОНОВ-ПОЛЈАНСКИ, Христо (Дојран, 21. IX 1927 – Скопје, 7. Ⅹ 1985) – историчар и унив. про-Христо Андонов Полјански фесор. Основното и средното образование и Филозофскиот факултет (Група историја) ги завршил во Скопје. Бил избран за асистент на Катедрата за историја (1953), докторирал (1958), бил избран за доцент (1959), за вонреден професор (1966), а потоа за редовен професор (1970) по предметот Општа историја на новиот век. Бил продекан (1960-1963), шеф на Катедрата за историја (1971-1974 и 1974-1976) и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (1984-1985). Како професор дал евидентен придонес за создавање стручни и наставно-научни кадри. Истражувал во земјата и во странство. Дел од архивската документација објавил во одделни зборници на документи, како што се трите тома „Британски документи за историјата на македонскиот народ”. Учествувал на научни собири во земјата и во странство. Неговото научно дело се состои од над 500 единици стручни и научни трудови, монографии, научни статии и прилози, рецензии, библиографии и др., од нив 40 одделни книги. Голем придонес дал за осветлувањето и за афирмацијата на личноста и делото на Гоце Делчев со повеќе книги. БИБ.: Прилог кон библиографијата по археологија на Македонија, Скопје, 1952; Британска библиографија за Македонија, Скопје, 1966; Британски документи за историјата на македонскиот народ, И-Ⅱ, Скопје 1968 и 1977; Гоце Делчев, т. 1-6, Скопје, 1972; Македонија и Словенија, Скопје, 1978; Одбрани дела, т. 1-5, Скопје, 1983. ЛИТ.: Христо Андонов Полјански 19271985, Охрид, 1990; Христо Андонов Полјански, живот и дело, Скопје, 1996. М. Мин. Јован Андонов-Реган