АНГЛИСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ

АНГЛИСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ (септември 1943 – 24. Ⅵ 1945). Во септември 1943 г. британската Служба за специјални операции (СОЕ) испратила две воени мисии на територијата на Македонија што требало да се придружат на Гш на НОВ и ПО на Македонија во Црвена Вода. Првата мисија, со кодирано име Монкеѕњренцх, била предводена од Џорџ Квајн, а втората, со кодирано име Муллигатањнѕ, била предводена од Мостин Дејвис. Членовите на двете мисии биле спуштени на територијата на Албанија. При крајот на септември двете мисии дошле на територијата на Македонија. На 5 октомври 1943 г. мисијата на Мостин Дејвис пристигнала во Гш на НОВ и ПОМ, каде што претходните денови пристигнала и мисијата на Џорџ Квајн. До крајот на војната седум британски воени мисии биле испратени во поголемите единици на НОВ и ПОМ и директно следеле и го известувале својот штаб во Каиро за борбата на македонските партизани. Првите количества Членови на Англиската воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија британско оружје пристигнале на 7 октомври 1943 г. По Ослободувањето мисиите се префрлиле во Скопје, дел од нив биле евакуирани, а дел останале да известуваат за настаните во Македонија. Британските мисии на територијата на Вардарскиот дел на Македонија се задржале сћ до јуни 1945 г., кога бил отворен првиот Британски конзулат (24 јуни 1945). Прв британски конзул по Ослободувањето бил Леонард Артур Скоуп. ЛИТ.: Д-р Тодор Чепреганов, Британската управа за специјални операции (СОЕ) во Македонија: Британските воени мисии во Македонија (1942–1945), Скопје, 2001; Велика Британија и Македонија. Документи 1942–1945. Избор, превод и редакција д-р Тодор Чепреганов, Скопје, 2000. Т. Ч.