АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван

АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван (Мелник, 1880 – 1905) – драмски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Илуменец, Петричко, каде што Гоце Делчев го вклучил во редовите на ТМОРО (1899) и дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета во Драмско. Загинал во борба со османлиската војска. Оставил сеќавања за револуционерната дејност (1904). ИЗВ.: Спомени на Јане Сандански, Сава Михајлов, Христо Куслев, Иван Анастасов-Грчето, Скопје, 1951; Материяли за историџта на македонското освободително движение, кн. 7, Софиџ,1927; Освободителното движение в Македони® и Одринско. Спомени и материали. С„обçава Л. Милетич, т. 2, Софи®, 1983 (фототип. изд.). С. Мл.