АНАСТАСОВ, Глигор

АНАСТАСОВ, Глигор (Кавадарци, 1877 – Софија, ?) – адвокат, пратеник. Завршил егзархиско основно училиште во Кавадарци, гимназија во Солун, а Правен факултет во Загреб (1902). Бил адвокат во Кавадарци и Скопје. По Првата светска војна бил околиски началник на Кавадарци, пратеник во Народното собрание на Кралството на СХС (1920–1927) за Тиквешкиот округ, дејствувал да формира македонска пратеничка група (1923). Со Д. шалев и Д. Илиев упатиле петиција до Друштвото на народите во Женева за заштита на „бугарското малцинство во Југославија” (1930) и емигрирале во Бугарија. ЛИТ.: Револуционерните борби во Тиквешијата. Спомени и материјали, книга 2, Скопје, 2001; Воислав Д. Кушевски, Македонското прашање во Друштвото на народите, Скопје, 2001. З. Тод. Иван Анастасов