АНАСТАСОВ, Јордан

АНАСТАСОВ, Јордан (Кавадарци, 1893 – Софија, 10. Ⅹ 1976) – припадник на МЕФО и на ВМРО (Об). Основно училиште завршил во Кавадарци, а трети клас Духовна семинарија во Цариград (1912). По Првата светска војна бил член на Привремената комисија на македонската емиграција и на МЕФО. По Деветојунскиот преврат во Бугарија емигрирал во Париз (1923), бил кооптиран за член на ЦК (1927) и член на Задграничното биро на ВМРО (Об) (1929). По Втората светска војна бил член на Македонскиот научен институт и главен и одговорен редактор на сп. „Македонска мис„л” (1945). Објавил историско-публицистички трудови. ИЗВ. иЛИТ.: Архив на Министерството за вътрешни работи, София, ОБ-105232, том Ⅲ, л. 38-39; Револуционерните борби во Тиквешијата. Спомени и материјали, книга 1, Скопје, 2001; Ангел Динев, Политичките убиства во Бугарија, Скопје, 1983; Јордан Анастасов, œне Сандански. Биографичен очерк, София, 1966. З. Тод. АНАСТАСОВ, Петар Костов