АНЃЕЛКОВИЌ, Драган (с. Полјана, Крушевац, Србија, 5. Ⅻ 1926) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката велика школа во Бел-град (1953). Се занимава со архитектонско проектирање и изведба на објекти. Работел во ГП „Трудбеник“ во Белград, во ГП „Бетон“ во Скопје и во проектантските организации „Проектант“ и „Пелагонија“. Се занимава главно со проектирање и изведба на индустриски објекти. Кр. Т.