АМАМ неолитска населба

АМАМ -. (с. Лопате. Кумановско) – неолитска населба. Се наоѓа сретсело, во просторот околу стариот турски амам, близу до десниот брег на Липковска Река. Според карактеристиките на материјалните остатоци, посебно типологијата на облиците и декоративните мотиви кај кермичките садови, а и култните предмети откриени во 1978 г., детерминирана е како доцнонеолитска населба од времето на т.н. винчанска културна група. ЛИТ.: Воислав Санев, Археолошко богатство на СР Македонија, каталог, Скопје, 1980, 27. В. С. Амандмани на Уставот на РМ