АЛЕКСИЕВ, Методиј

АЛЕКСИЕВ, Методиј (Велес, 27. Ⅱ 1888 – Петрич, септември 1924) – македонски револуционер и активист во комунистичкото движење. Поборник за самостојна обединета Македонија; гемиџија, илинденец, четник на Сандански, комунист, член и секретар на Горноџумајскиот окружен партиски комитет на БКП, командир на одред во Септемвриското востание (1923), кога била создадена тридневната Разлошка Република. Поради македонските пројави бил убиен од приврзаници на Тодор Александров. ЛИТ.: Иван Рашенов, Методий Жиглов, Биографически очерк, Софи®, 1924; Тодор Чопов, Одбрани творби. Приредил Блаже Ристовски, Скопје, 1982. О. Ив.